НСОР и ТРГ

Национален совет за одржлив развој

Националниот совет за одржлив развој (НСОР) е формиран во 2010 година како советодавно тело на Владата со мисија да креира и одржува услови за спроведување на „Националната Стратегија за одржлив развој“ која дава насока и патоказ за рамномерен економски, социјален и еколошки развој на државата со цел интеграција во Европската унија.

Со НСОР претседава заменикот претседател на Владата на Северна Македонија одговорен за економски прашања и координација на економските сектори и во него има претставници од сите релевантни министерства, извршни претставници од општините, како и претставници од академските установи и приватниот сектор.

Главната задача на НСОР е да обезбеди усогласеност при спроведување и мониторинг на националната Стратегија за одржлив развој, како и спроведување на Целите за одржлив развој на Обединетите нации во Северна Македонија, преку програми за одржлив развој на поединечните министерства.

Спроведувањето на ЦОР во Република Северна Македонија се координира и следи преку механизмот со Техничките работни групи (ТРГ) кои се формираат во Националниот совет за одржлив развој.



Членови на Националниот совет за одржлив развој се:

  • Заменикот претседател на Владата на Република Северна Македонија одговорен за европски прашања;
  • Министерот за животната средина и просторно планирање;
  • Министерот за локална самоуправа;
  • Министерот за економија;
  • Министерот за труд и социјална политика;
  • Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство;
  • Министерот за финансии;
  • Министерот за информатичко општество и администрација;
  • Министерот за транспорт и врски;
  • Министерот за надворешни работи;
  • Министерот за образование и наука;
  • Министерот за здравство;
  • Министерот за правда;
  • Претставник од Македонска академија за науките и уметностите;
  • Претставник од Стопанската комора на Северна Македонија;
  • Претставник од Комората за информатичка и комуникациска технологија на Северна Македонија;
  • Претставник од Стопанската комора на Северозападниот дел на Северна Македонија;
  • Претставник од Стопанската комора на Северна Македонија;
  • Еден експерт за одржлив развој, двајца специјалисти по економија, еден експерт во областа на социјалниот развој и еден експерт за заштита на животната средина, предложени од следните државни универзитети: Универзитетот Св. Кирил и Методиј во Скопје, Универзитетот Св. Климент Охридски - Битола, Универзитетот Гоце Делчев - Штип, Државниот Универзитет од Тетово и Универзитетот на Југоисточна Европа - Тетово.

Седница на НСОР, Скопје, 25 декември, 2018 година


Членовите на НСОР исто така се и членови на Собранието со право на глас, по предлог на Собранието на Република Северна Македонија. Членовите на Техничката работна група можат исто така да учествуваат во работата на НСОР, со право да дискутираат но без право на глас. Ако е потребно, други министри, директори и експерти за конкретни прашања може да бидат поканети на седниците на Советот, без право на глас.

Националниот совет за одржлив развој работи на седници. Се состанува најмалку два пати годишно. Седница на Советот може да се одржи доколку мнозинството од вкупниот број на членови е присутен на седницата и Советот одлучува со мнозинство гласови од вкупниот број на членови присутни на седницата

Во рамките на Националниот совет за одржлив развој, заменикот претседател на Владата на Република Северна Македонија ќе свика Стратешки советодавен комитет (ССК) да го поддржи ННО при одлучување во врска со прашања поврзани со ЗКФ. НСОР ќе ги потврдува препораките на ССК, а финалната функција на одобрување на истите ќе биде одговорност на Владата на Република Северна Македонија.



Документи

  • Одлука на Владата за формирање на НСОР
  • Покана и Дневен ред за последната седница на НСОР одржана на 25 декември 2015 година
  • Записник и заклучоци од последната седница на НСОР од 25 декември, 2015 година

Линкови

НАШИОТ БИЛТЕН

Пријавете се за билтенот “Северна Македонија и Зелениот климатски фонд” за да ги добиете најновите вести за ангажманот на земјата со Зелениот климатски фонд, вклучително приоритети, процедури, ресурси, консултации, вести и настани поврзани со Зелениот климатски фонд во Република Северна Македонија.

TOP