greendevelopment.mk
+ 389 2 3118 022
EN
За нас
ЗКФ работна програма
Програма за подготвителна поддршка
Проекти
ЦОР 13 Климатска акција
ЦОР 13 План за забрзување
Климатски промени
Документи
Инфо лаб
Поднеси проектна идеја
Вести
Билтен
Најави
Галерија
Место за идеи
Интерактивен календар
Во врска со
Северна Македонија и Зелениот климатски фонд
Национален назначен орган
Процедури
Документи
Зелен климатски фонд
Национален совет за одржлив развој
Партнери
Контакти
Процедури
Почетна
Зелен развој
Процедури
Листа на процедури
АНГАЖИРАЊЕ НА ЗАСЕГНАТИТЕ СТРАНИ ЗА ЗЕЛЕНИОТ КЛИМАТСКИ ФОНД ВО СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА
Водич за Зелениот климатски фонд во Северна Македонија
Овој Водич ги содржи основните информации за Зелениот климатски фонд. Целта на Водичот е да ги информира засегнатите страни кои работат во областа на климатските промени и одржливиот развој во Република Северна Македонија - како да пристапат до ресурсите на Зелениот климатски фонд и како да спроведуваат проекти финансирани од Зелениот климатски фонд во земјата.
Информативен леток за ангажираноста на засегнатите страни во врска со Зелениот климатски фонд
Овој информативен леток ги презентира сите активности за ангажман на клучните национални засегнати страни во 2019 година, во рамки на проектот “Поддршка за управување со ефективен национален координативен механизам за Зелениот климатски фонд” - прв проект на Република Северна Македонија од Програмата за подготвеност и подготвителна поддршка на Зелениот климатски фонд. Целта на ангажманот на засегнатите страни е приоретизирање на стратешките климатски инвестиции кои би се финансирале преку Зелениот климатски фонд. Ова исто така вклучува и координација со приватниот сектор во развојот на проектни предлози/идеи, како и целосна примена на политиките на Зелениот климатски фонд за родови, еколошки и социјални прашања.
Политика на Зелениот климатски фонд за родови, еколошки и социјални прашања
При спроведувањето на својот мандат, Зелениот климатски фонд ефективно и правично ќе управува со еколошките и социјалните ризици и влијанија и ќе ги подобри исходите на сите активности финансирани од ЗКФ, при што ќе обезбеди еднакво учество на жени, млади луѓе и други малцинства и високо ранливи групи. Овој информативен леток ги информира клучните засегнати страни во Северна Македонија за Политиката на Зелениот климатски фонд за родови прашања, како и Еколошките и социјални гаранции (ESS) како група стандарди на ЗКФ кои треба да се применуваат во процесите на ангажирање на засегнатите страни на национално ниво и развојот на проекти за финансирање преку Зелениот климатски фонд.
ПРОЦЕДУРА “БЕЗ-ПРИГОВОР”ЗА ПРОЕКТИТЕ ПОДДРЖАНИ ОД ЗЕЛЕНИОТ КЛИМАТСКИ ФОНД ВО СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА
Процедура „Без-приговор“ за проектите поддржани од Зелениот климатски фонд во Република Северна Македонија
Начелото на сопственост на државата е во суштината на активностите кои Зелениот климатски фонд (ЗКФ) ги спроведува во земјите во развој. Фондот цени дека сопственоста на државата е постојан процес, и дека Националниот назначен орган (ННО) има главна улога при поттикнување на институционален развој и ангажираност на засегнатите страни за воспоставување на ефективен механизам за решавање на прашањата поврзани со климата. Процедурата „Без-приговор“ во Северна Македонија ја спроведува ННО за да осигури дека финансирањето преку ЗКФ ќе биде ќе биде транспарентно, во согласност со националните климатски приоритети, стратегии, планови, закони и регулативи, потекнува од земјата, е ефикасно и ги вкучува сите релевантни засегнати страни.
Процедура „Без-приговор“ за проектите поддржани од Зелениот климатски фонд во Република
Начелото на сопственост на државата е во суштината на активностите кои Зелениот климатски фонд ги спроведува во земјите во развој. Фондот цени дека сопственоста на државата е постојан процес, и дека Националниот назначен орган (ННО) има главна улога при поттикнување на институционален развој и ангажираност на засегнатите страни за воспоставување на ефективен механизам за решавање на прашањата поврзани со климата. Овој информативен леток има за цел да ги информира националните засегнати страни во Северна Македонија, за клучните аспекти на начелото на ЗКФ за сопственост на државата, циклусот за одобрување на проекти за ЗКФ и процедурата „Без-приговор“ во Северна Македонија која ја спроведува ННО за да осигури дека финансирањето преку ЗКФ ќе биде ќе биде транспарентно, во согласност со националните климатски приоритети, стратегии, планови, закони и регулативи, потекнува од земјата, е ефикасно и ги вкучува сите.
ПРОЦЕДУРА ЗА СЛЕДЕЊЕ, МОНИТОРИНГ И НАСОЧУВАЊЕ НА КЛИМАТСКИТЕ ФИНАНСИИ ВО РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА
TOP