Програма за подготвеност и подготвителна поддршка

Програма за подготвеност и подготвителна поддршка

Со цел да се подобрат капацитетите на државата за зајакнување на климатските финансии, Зелениот климатски фонд одвои ресурси во рамките на Програма за подготвеност и подготвителна поддршка на ЗКФ (Програмата за подготвеност), со кои ќе им помогне на државите да ја подобрат информираноста, да развијат капацитети и да ги ангажираат сите релевантни засегнати страни на национално/локално ниво.

Програмата за подготвеност има цел да ги подобри националните капацитети за пристап до средствата од ЗКФ со цел спроведување на национални мерки за адаптација и ублажување предводени од самата држава. Севкупната цел е државата да биде целосно подготвена да ги исполни своите обврски согласно Парискиот договор за климата, како и обврските за климатска акција во рамките на процесот за пристапување кон Европската унија, а истовремено да ги приспособи своите најголеми економски сектори, како што се земјоделството, енергетиката, транспортот, здравството и туризмот на ефектите од климатските промени. 

Програмата за подготвеност на ЗКФ има предвидено средства, по држава, на годишно ниво, за сите земји во развој. За Република Северна Македонија во рамките на оваа програма предвидени се до 1 милион УСД како поддршка на активностите за подготвеност; и до 3 милиони УСД за подготвување на национални планови за адаптација (НАП) и/или за други процеси за планирање на мерки за адаптација.


Очекуваните резултати од Програма за подготвеност и подготвителна поддршка на ЗКФ се:

  • Воспоставен механизам за координација во државата и процеси за консултирање на засегнатите страни, со кои раководи ННО;
  • Воспоставена процедура ‘Без-приговор’ со цел да се гарантира сопственоста на државата над климатските проекти поддржани од ЗКФ;
  • Развиена процедура за мониторинг, надзор и насочување на климатските финансии;
  • Градење капацитети за еколошки и социјални гаранции (ЕСС) и за родови стандарди со цел да се исполнат барањата на ЗКФ;
  • Мобилизиран приватен сектор преку негово ангажирање во консултативниот процес и создавање на овозможувачка средина за инвестиции од приватниот сектор.

 

Државите може да достават повеќе барања согласно нивните потреби.

Поддршка за подготвеност за Северна Македонија

„Поддршка за управување со ефективен национален координативен механизам за Зелениот климатски фонд“

  • Држава примател: Северна Македонија
  • Буџет на проектот: 300.000 УСД
  • Област на подготвеност: Зајакнување на ННО и на процесот на програмирање
  • Времетраење: 12 месеци

Во 2017 година Република Северна Македонија, преку ННО, побара првичен грант од Програма за подготвеност и подготвителна поддршка на ЗКФ (Програмата за подготвеност). Проектот „Поддршка за управување со ефективен национален координативен механизам за Зелениот климатски фонд“ кој го спроведува Организацијата на ОН за храна и земјоделство (ФАО), како акредитиран субјект за ЗКФ под водство од ННО, има цел да ја зголеми сопственоста на државата и да ги зајакне институционалните капацитети на ННО за ефикасно вклучување и соработка со Фондот.

Проектот се фокусира на зајакнување на институционалните капацитети на ННО со цел овој орган ефективно да ги исполнува своите улоги и одговорности поврзани со ЗКФ, да ги креира потребните партиципативни процеси за вклучување на сите засегнатите страни на национално ниво, како и да започне со подготовка на Работната програма за ЗКФ усогласена со националните приоритети за адаптација и ублажување на климатските промени, со Целите за одржлив развој и со критериумите за инвестирање на Зелениот Климатски Фонд.

Кабинет на заменикот претседател на Владата на Република Северна Македонија одговорен за економски прашања и координација на економските сектори
Национален назначен орган (ННО)/Точка за контакт со Зелениот климатски фонд

Веб-страница: www.vicepremier-ekonomija.gov.mk
Лица за контакт

  Даниел Јосифовски, советник, Кабинет на заменикот претседател на Владата на Северна Македонија одговорен за економски прашања и координација на економските сектори


  Олимпија Христова Заевска, советник на премиерот за меѓународна економија и развој, Влада на Република Северна Македонија

Е-пошта

Организација за храна и земјоделство при ООН (ФАО)
Партнер за имплементација

Веб-страница: www.fao.org
Лица за контакт

 Кармен Аргељо, Советник за ЗКФ, Регионална канцеларија на ФАО за Европа и Централна Азија и координатор на проектот


  Игор Славкоски, Национален тим лидер (ФАО)

Е-пошта

Зелен развој Северна Македонија

НАШИОТ БИЛТЕН

Пријавете се за билтенот “Северна Македонија и Зелениот климатски фонд” за да ги добиете најновите вести за ангажманот на земјата со Зелениот климатски фонд, вклучително приоритети, процедури, ресурси, консултации, вести и настани поврзани со Зелениот климатски фонд во Република Северна Македонија.

 
TOP