ВТОРА работилница за проценa на потребите поврзани со климатските промени



 „Потврдување на резултатите од спроведената процена на потребите во врска со климатските промени во контекст на развојот на ЗКФ Работна програма на Северна Македонија''
 
Датум: 11 јуни (петок) 2020 година
Работни јазици: македонски/англиски
Време: 10:00 - 11:00 часот
 
Оваа онлајн работилница се организираше во рамки на вториот проект на Република Северна Македонија од Програмата за подготвеност и подготвителна поддршка на ЗКФ „Зајакнување на националните капацитети за ублажување и адаптација кон климатските промени и финализирање на Работната програма за Зелениот климатски фонд на Република Северна Македонија“ кој го спроведува Организацијата за храна и земјоделство при ООН (ФАО) под раководство на Кабинетот на Заменикот на Претседателот на Владата на Република Северна Македонија задолжен за економски прашања.

 

Онлајн работилницата имаше за цел да се споделат информации во врска со неодамна спроведената проценка на потребите од областа на климатските промени и истите да се потврдат, со цел да послужат како референтна точка за развој на програмата за обука во рамки на Работната програма на Северна Македонија за Зелениот климатски фонд.

 

 

НАШИОТ БИЛТЕН

Пријавете се за билтенот “Северна Македонија и Зелениот климатски фонд” за да ги добиете најновите вести за ангажманот на земјата со Зелениот климатски фонд, вклучително приоритети, процедури, ресурси, консултации, вести и настани поврзани со Зелениот климатски фонд во Република Северна Македонија.

TOP