Финансиски инструменти на Зелениот климатски фонд
Зелениот климатски фонд нуди грантови, заеми, гаранции и други финансиски инструменти за финансирање на проекти. Исто така обезбедува дополнителни грантови и техничка помош за подготовка на предлог-проекти за финансирање, како и подготвеност на државата и подготвителни работи за ангажман со Фондот, вклучително поддршка за акредитација на номинирани национални субјекти со директен пристап.
Условите на финансиските инструменти за јавниот и приватниот сектор се утврдуваат поединечно, секој по случај.
Некои од главните начела на Фондот се:
- Грантовите треба да се приспособат на маргиналниот трошок или на премијата за ризикот која е потребна за да се постигне одржливост на инвестицијата, или пак да се доволни да се покријат трошоците за специфични активности како што е техничка помош;
- Нивото на концесионалните услови не треба да влијае врз инвестицијата која и инаку би се случила, вклучувајќи ги тука и инвестициите од приватниот сектор;
- Се зема предвид капацитетот за задолженост на примателот;
- Се промовира долгорочна финансиска одржливост и максимизирање на левериџот кај финансирање од приватни извори.
Пристап до Зелениот климатски фонд
Постојат пет начини за пристап до ресурсите на ЗКФ кои може да ги користат националниот назначен орган (ННО) и избраните националните субјекти во партнерство со субјектите со директен пристап или меѓународните акредитирани субјекти, во зависност од потребите на државата, од фазата во која е државата во процесот на сопственост и во која фаза на подготовка е проектот.
ННО е вклучен низ целиот процес, во сите овие начини за пристап до ЗКФ, преку спроведување на активности за подготвеност на државата, генерирање и прифаќање предлог-проекти, прифаќање на националните субјекти за акредитација или преку надзор над спроведувањето на проектите.