Истражување на потребите за јакнење на националните капацитети за адаптација и ублажување на климатските промени и ангажман со Зелениот климатски фонд

Како дел од имплементацијата на вториот проект од Програмата за подготвеност и подготвителна поддршка на Зелениот климатски фонд „Зајакнување на националните капацитети за ублажување и адаптација кон климатските промени и финализирање на Работната програма за Зелениот климатски фонд на Република Северна Македонија“  ФАО дава поддршка на Владата на Северна Македонија за идентификување и оцена на потребите за јакнење на националните капацитети на државата поврзана со спроведување на мерки за адаптација и ублажување на климатските промени, а неопходни за постигнувањето на Националните утврдени придонеси кон климатските промени (NDC) и стратешкиот ангажман на државата со Зелениот климатски фонд (ЗКФ).

Во таа насока, во периодот април-мај 2021 година, беше спроведена онлајн анкета од страна на Националниот назначен орган (ННО) за Зелениот климатски фонд и ФАО со цел да се соберат примарни податоци од клучните засегнати страни во Северна Македонија за утврдување на нивните потреби за градење/јакнење на капацитетите за ефективен придонес во остварување на Националните придонеси, и ќе послужат како основа за развој на Програма за обуки во рамките на вториот проект за подготвеност за ЗКФ, кој е во тек.

Анкетата се состоеше од пет различни модули, вклучително:

  • Модул 1: Проценка на потребите за обуки
  • Модул 2: Идни потреби за подготвеност за климатски финансии
  • Модул 3: Потреби за подготвеност во однос на климатските промени и родовите прашања
  • Модул 4: Идни потреби за пoдготвеност за акредитација за Зелениот климатски фонд
  • Модул 5: Идни потреби за подготвеност за процесите на Зелениот климатски фонд

 

Резултатите од оваа анкета, исто така, служат како инпут за развој на компонентата насловена „Проценка на потребите за подготвеност“ што ќе биде дел од работната Програма на Северна Македонија за Зелениот климатски фонд, која во моментов е во фаза на развој. Инпутите, исто така, потенцијално ќе послужат за идентификување на други извори на техничка/финансиска поддршка за адресирање на идентификуваните потреби за јакнење на националните капацитети во Северна Македонија поврзани со климатска акција.

Онлајн анкетата беше дистрибуирана до сеопфатна листа од 490 претставници на засегнати страни од различни сектори (јавен, приватен, академија, граѓанско општество, медиуми, како и меѓународни организации). Добиени се повратни информации од 73 испитаници.

За да се потврдат прелиминарните резултати од анкетата, на 11 јуни 2021 година, ННО и ФАО организираа втора работилница за проценкa на потребите поврзани со климатските промени, на која учествуваа 73 претставници од владини институции, приватниот сектор, граѓански организации, академијата и меѓународните организации. Деталите за настанот, вклучително презентации и снимка се достапни на следниот ЛИНК.

Врз основа на горенаведените активности, два извештаи во моментов се во фаза на финализација, и тоа „Извештај за потребите за јакнење на националните капацитети поврзани со климатски промени и  „Извештај за потребите за подготвеност на земјата за Зелениот климатски фонд“, кои ќе бидат објавени по извршена консултација со релевантните национални засегнати страни.

 

НАШИОТ БИЛТЕН

Пријавете се за билтенот “Северна Македонија и Зелениот климатски фонд” за да ги добиете најновите вести за ангажманот на земјата со Зелениот климатски фонд, вклучително приоритети, процедури, ресурси, консултации, вести и настани поврзани со Зелениот климатски фонд во Република Северна Македонија.

TOP