Проекти

Проект “Зелени градови“

  • Држави приматели: Северна Македонија, Албанија, Ерменија, Грузија, Јордан, Монголија, Молдавија, Србија и Тунис
  • Големина на проектот: Голем (592 милиони УСД)

Проектот “Зелени градови” има цел да овозможи премин на градовите кон урбан развој со ниски емисии и отпорност на климата. Тесно е поврзан со стратешките областите на ЗКФ, како што се енергетика и пристап, транспорт, згради, градови, индустрии и уреди, приходи на луѓето и заедниците, инфраструктура и изградена средина.

Проектот е одобрен од ЗКФ во октомври 2018 година, и се предвидува да трае 23 години. Ќе се спроведува со поддршка на ЕБОР, која е акредитиран субјект на ЗКФ, со учество на националните и локалните власти во девет држави.


Европската банка за обнова и развој (ЕБОР)
Имплементатор

Веб-страница: www.ebrd.com
Контакт информации

  Со седиште во: Обединетото Кралство, One Exchange Square, Лондон EC2A 2JN


Телефон

  +44 20 7338 6000

Глобален суб-национален климатски фонд - Техничка помош
Глобален суб-национален климатски фонд – Капитал


На 27. состанок на Одборот на Зелениот климатски фонд кој се одржа во периодот помеѓу 9 и 13 ноември 2020 година, меѓу останатите одлуки кои ги донесе Одборот, беше одлучено да се одобри финансиска поддршка за две регионални / глобални иницијативи во кои Република Северна Македонија е една од државите кои може да се јават како корисници на иницијативите. Овие иницијативи се Проектот 151 - Глобален суб-национален климатски фонд- Техничка помош и Проектот 152 - Глобален суб-национален климатски фонд- Капитал.

Целта на Суб-националниот климатски фонд е да ги забрза долгорочните инвестиции за климатски промени на суб-национално ниво за решенија од аспект на адаптација и ублажување на климатските промени преку модели на финансирање кои ќе овозможат трансформација во општеството. Суб-националниот климатски фонд е дизајниран пред се да ги поттикне инвестициите од приватниот сектор и да овозможи климатски и одржливи решенија на глобално ниво. Преку Суб-националниот климатски фонд се очекува да се надминат бариерите за развој и имплементација на проекти од приватни инвестиции на локално и национално ниво.

Проектите ќе бидат спроведувани од Акредитирани субјекти на Зелениот климатски фонд, и тоа Проектот 151 ќе го спроведува Меѓународната унија за зачувување на природата како главен одговорен ентитет, а Проектот 152 ќе биде имплементиран од страна на Консултантската куќа - Pegasus Capital Advisors.

Вкупен буџет: Глобален суб-национален климатски фонд - Техничка помош - 28 милиони УСД
Вкупен буџет: Глобален суб-национален климатски фонд – Капитал – 77,6 милиони УСД


Повеќе информации:
Проект 151 - Глобален суб-национален климатски фонд- Техничка помош
Проект 152 - Глобален суб-национален климатски фонд- Капитал

Финансиски инструмент за опрема за ладење


Финансиски инструмент за опрема за ладење е еден од првите во светот од ваков вид, чија цел е да обезбеди решенија за ладење во девет земји, вклучително и во Северна Македонија. Ќе се фокусира на регулатива и политики, техничка помош и финансирање наменето за адресирање на пречките за развој на одржливи инвестиции во системи за ладење. Планираните мерки вклучуваат финансирање на инвестиции во иновативни технологии и системи за ладење кои не ја загадуваат животната средина, како и создавање на поволна средина преку зајакнување на институционалните, политички и регулаторни рамки и градење капацитети на клучните чинители во областа на технологии, бизнис модели и евалуација и имплементација на проекти за ладење..

Вкупен буџет: 879.8 милиони УСД

Повеќе информации:
• www.greenclimate.fund/project/fp177

Кабинет на заменикот претседател на Владата на Република Северна Македонија одговорен за економски прашања и координација на економските сектори
Национален назначен орган (ННО)/Точка за контакт со Зелениот климатски фонд

Веб-страница: www.vicepremier-ekonomija.gov.mk
Лица за контакт

  Сандра Андовска, советник за климатски промени, Кабинет на заменикот претседател на Владата на Северна Македонија одговорен за економски прашања и координација на економските сектори

Е-пошта

 sandra.andovska@gs.gov.mk

Зелен развој Северна Македонија

НАШИОТ БИЛТЕН

Пријавете се за билтенот “Северна Македонија и Зелениот климатски фонд” за да ги добиете најновите вести за ангажманот на земјата со Зелениот климатски фонд, вклучително приоритети, процедури, ресурси, консултации, вести и настани поврзани со Зелениот климатски фонд во Република Северна Македонија.

 
TOP