Климатски промени

Климатска акција



Националната платформа за климатски промени www.klimatskipromeni.mk претставува главен канал за комуникација за климатските промени и климатска акција во Северна Македонија и на национално и на локално ниво. Тaa се состои од различни иновативни и оригинални комуникациски алатки кои прашањата во врска со климатските промени ги доближуваат до корисниците и овозможуваат спроведување на навремени активности за ублажување и адаптација од страна на сите граѓани.

Климатските промени се поврзани со сите сектори и нивните влијанија се одразуваат исто така во сите сектори (енергетика, транспорт, сточарство и земјоделство). Имајќи предвид дека климатските промени се повеќесекторско прашање, потребен е повеќесекторски пристап и тесна соработка со многу засегнати страни, за што е потребна постојана комуникација меѓу сите нив.

Платформата за комуникација во врска со климатските промени www.klimatskipromeni.mk е развиена со техничка и финансиска поддршка од Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП) и Глобалниот фонд за животната средина (ГЕФ) и истата ја одржува Министерството за животната средина и просторно планирање на Република Северна Македонија.



НАШИОТ БИЛТЕН

Пријавете се за билтенот “Северна Македонија и Зелениот климатски фонд” за да ги добиете најновите вести за ангажманот на земјата со Зелениот климатски фонд, вклучително приоритети, процедури, ресурси, консултации, вести и настани поврзани со Зелениот климатски фонд во Република Северна Македонија.

TOP