Отворен повик за потенцијални Субјекти со Директен Пристап до Зелениот климатски фонд

11/19/2020

Владата на Република Северна Македонија претставувана од Кабинетот на Заменикот на Претседателот на Владата задолжен за економски прашања, како Национален назначен орган (ННО) за Зелениот климатски фонд, објавува Отворен повик за поднесување на апликации од потенцијални Субјекти со Директен Пристап (СДП) до Зелениот климатски фонд (ЗКФ).

Отворениот повик цели кон потенцијални Субјекти со Директен Пристап кои сакаат да бидат земени во предвид во процесот на рангирање и селекција на најсоодветниот субјект кој може да ја поддржи земјата како Акредитиран Субјект со Директен Пристап до Зелениот климатски фонд, да развива, имплементира и/или надгледува проекти/програми финансирани од ресурси на ЗКФ во согласност со програмата на Северна Македонија за ЗКФ.

Овој повик се однесува конкретно на Фаза 2, која ќе има за цел спроведување на Брза Оценка на сите субјекти со потенцијал да станат Субјекти со Директен Пристап. Како резултат од Фаза 2 ќе се обезбеди ранг листа на институции со поголем потенцијал да станат акредитирани, како и препорака до ННО за една (1) институција која  треба да биде рангирана за да премине во наредната фаза во која ќе се врши детална институционална ЈАЗ анализа и дефинирање на следните чекори за акредитација за ЗКФ.

Кој може да аплицира?

Овој повик е отворен за сите јавни или приватни правни субјекти од Република Северна Македонија кои се заинтересирани за учество во процесот на рангирање на кандидати за Субјекти со Директен Пристап. Можност да аплицираат имаат сите заинтересирани институции на национално, регионално и локално ниво, вклучително академски институции, национални/локални органи, јавни и приватни компании, граѓански здруженија и други правни лица со капацитети и искуство за спроведување на инвестиции финансирани со надворешни и/или домашни извори.

Временска рамка

Повикот за аплицирање е официјално објавен на 19 ноември 2020 година. Заинтересираните субјекти ќе имаат до 10 календарски дена од денот на објавување на повикот да го изразат својот интерес преку веб страната на ННО, за да добијат формулари за аплицирање.

Рокот за поднесување на пополнетите формулари за аплицирање според упатствата е 31 декември 2020 година.

Како да аплицирате?

Заинтересираните институции треба да го посетат следниот линк АПЛИЦИРАЈ, и да ги следат упатствата и инструкциите за да се регистрираат и да добијат пристап до Формуларите за аплицирање за Брзо Оценување. Само оние субјекти/апликанти кои ќе се регистрираат на веб страната ОВДЕ ќе добијат пристап до потребните формулари за аплицирање кои ќе им овозможат да учествуваат во националниот процес на рангирање за акредитација за Субјект со Директен Пристап до ЗКФ.

Детални информации за отворениот повик, условите за аплицирање и целокупниот процес на приоритизирање и избор на потенцијални Субјекти за директен пристап до ЗКФ во Република Северна Македонија, се достапни на веб-страницата на Северна Македонија и Зелениот климатски фонд: www.greendevelopment.mk/mk/OpenCall.aspx

 

 

Започнува да се подготвува Работна програма на Република Северна Македонија за Зелениот климатски фонд
Започнува да се подготвува Работна програма на Република Северна Македонија за Зелениот климатски фонд

Владата на Република Северна Македонија, претставувана од Кабинетот на Заменикот на Претседателот на Владата задолжен за економски прашања и координација на економските ресори, ги презема првите чекори во подготовка на Работна програма на земјата за Зелениот климатски фонд (ЗКФ), која треба да вклучува краткорочни и долгорочни приоритети за ангажман со ЗКФ, усогласени со националните приоритети за развој и климатско финансирање.

Read More . . .
Отворен повик за апликации од потенцијални Субјекти со Директен Пристап до Зелениот климатски фонд
Отворен повик за потенцијални Субјекти со Директен Пристап до Зелениот климатски фонд

Владата на Република Северна Македонија претставувана од Кабинетот на Заменикот на Претседателот на Владата задолжен за економски прашања, како Национален назначен орган за Зелениот климатски фонд, ги поканува сите заинтересирани јавни и приватни правни субјекти од Република Северна Македонија да учествуваат во процесот на рангирање и селекција на најсоодветниот субјект кој може да ја поддржи земјата како Акредитиран Субјект со Директен Пристап до Зелениот климатски фонд.

Read More . . .
Отворен повик за финансиска поддршка на проектни идеи од Зелениот климатски фонд
Отворен повик за финансиска поддршка на проектни идеи од Зелениот климатски фонд во Република Северна Македонија (2019)

Владата на Република Северна Македонија, претставена од Кабинетот на заменикот претседател на Владата одговорен за економски прашања како национален назначен орган (ННО) за Зелениот климатски фонд, го објавува Отворениот повик за доставување на проектни идеи што се фокусираат на предизвиците предизвикани од климатските промени. Отворениот повик има цел да собере проектни идеи со потенцијал за ублажување/адаптација на климата, кои ќе бидат разгледани на национално ниво како прв чекор во постапката за изработка на предлог-проекти (проектна идеја, концептна белешка и целосен предлог-проект), кои би се финансирале со грантови, заеми, капитал и гаранции од Зелениот климатски фонд (ЗКФ)

Read More . . .
НАШИОТ БИЛТЕН

Пријавете се за билтенот “Северна Македонија и Зелениот климатски фонд” за да ги добиете најновите вести за ангажманот на земјата со Зелениот климатски фонд, вклучително приоритети, процедури, ресурси, консултации, вести и настани поврзани со Зелениот климатски фонд во Република Северна Македонија.

 
TOP