Започнува да се подготвува Работна програма на Република Северна Македонија за Зелениот климатски фонд

11/20/2020

Владата на Република Северна Македонија, претставувана од Кабинетот на Заменикот на Претседателот на Владата задолжен за економски прашања и координација на економските ресори, ги презема првите чекори во подготовка на Работна програма на земјата за Зелениот климатски фонд (ЗКФ), која треба да вклучува краткорочни и долгорочни приоритети за ангажман со ЗКФ, усогласени со националните приоритети за развој и климатско финансирање.

Во рамките на првиот проект на земјата од Програмата за подготвеност и подготвителна поддршка на ЗКФ, спроведен во 2019 година, ФАО ја поддржа Владата да ги постави националниот механизам, институционалната рамка и процедурите потребни за ефикасен пристап и распоредување на ресурсите од Зелениот климатски фонд.

Врз основа на напредокот постигнат преку првиот проект за подготвеност, тековниот втор проект за подготвеност за ЗКФ е насочен кон зајакнување на капацитетите на земјата за прилагодување и ублажување на климатските промени и финализирање на Работната програма на земјата за Зелениот климатски фонд.

Работната програма на земјата за ЗКФ ќе вклучува проекти (кои доаѓаат од јавни и приватни засегнати страни) кои се однесуваат на мерки за ублажување и адаптација кон климатските промени во секој од приоритетните сектори (енергетика, транспорт, водни ресурси, земјоделство, отпад, биодиверзитет, здравство, шумарство и културно наследство),  што треба да се достави на разгледување од страна на Зелениот климатски фонд.

Консултативниот процес за развој на Работната програма за ЗКФ ќе ги обедини владините институции, приватниот сектор, академските институции и граѓанските организации, со цел да се осигура дека сите идентификувани приоритетни сектори соодветно се рефлектирани во проектите / програмите за финансирање преку Зелениот климатски фонд.

Како прв чекор во процесот, ННО ќе ги оцени сите проектни идеи доставени од национални институции, општини, приватни компании и граѓански организации во рамки на првиот повик за финансиска поддршка од ЗКФ во земјава, кој се објави на 30 октомври 2019 година, во рамките на првиот ЗКФ проект за подготвеност и подготвителна поддршка.

Во рамки на подготовката на Работната програма за ЗКФ, освен проектните идеи доставени за време на првиот повик, ќе се работи на идентификување и вклучување на дополнителни приоритетни проекти од сите девет приоритетни сектори, преку преглед на националните секторски стратегии и политики, за што се предвидени голем број на секторски консултации .

Процесот на подготовка на Работна програма на земјата за Зелениот климатски фонд ќе биде инклузивен, со вклученост на сите засегнати страни (и потенцијални национални кандидати за акредитација и акредитирани ентитети), преку здружување и соработка, засновано врз принципите на транспарентност, сопственост на државата и градење на националните капацитети.

 

 

Јавен повик: Проектни идеи за поддршка од Зелен климатски фонд во Северна Македонија (2025)
Јавен повик: Проектни идеи за поддршка од Зелен климатски фонд во Северна Македонија (2025)

Владата на Република Северна Македонија објавува Јавен повик за доставување проектни идеи кои се однесуваат и одговараат на предизвиците од климатските промени.

Read More . . .
Започнува да се подготвува Работна програма на Република Северна Македонија за Зелениот климатски фонд
Започнува да се подготвува Работна програма на Република Северна Македонија за Зелениот климатски фонд

Владата на Република Северна Македонија, претставувана од Кабинетот на Заменикот на Претседателот на Владата задолжен за економски прашања и координација на економските ресори, ги презема првите чекори во подготовка на Работна програма на земјата за Зелениот климатски фонд (ЗКФ), која треба да вклучува краткорочни и долгорочни приоритети за ангажман со ЗКФ, усогласени со националните приоритети за развој и климатско финансирање.

Read More . . .
Отворен повик за апликации од потенцијални Субјекти со Директен Пристап до Зелениот климатски фонд
Отворен повик за потенцијални Субјекти со Директен Пристап до Зелениот климатски фонд

Владата на Република Северна Македонија претставувана од Кабинетот на Заменикот на Претседателот на Владата задолжен за економски прашања, како Национален назначен орган за Зелениот климатски фонд, ги поканува сите заинтересирани јавни и приватни правни субјекти од Република Северна Македонија да учествуваат во процесот на рангирање и селекција на најсоодветниот субјект кој може да ја поддржи земјата како Акредитиран Субјект со Директен Пристап до Зелениот климатски фонд.

Read More . . .
НАШИОТ БИЛТЕН

Пријавете се за билтенот “Северна Македонија и Зелениот климатски фонд” за да ги добиете најновите вести за ангажманот на земјата со Зелениот климатски фонд, вклучително приоритети, процедури, ресурси, консултации, вести и настани поврзани со Зелениот климатски фонд во Република Северна Македонија.

TOP