Северна Македонија ја поставува основата за климатско дејствување преку стратешко ангажирање со Зелениот климатски фонд

Зелениот климатски фонд е нов партнер за финансирање на инвестиции во развој со ниски емисии и отпорност кон климатските промени во Република Северна Македонија. Во рамките на првиот проект од Програмата за подготвеност и подготвителна поддршка на Зелениот климатски фонд (ЗКФ), спроведен во 2019 година, ФАО ја поддржа Владата да го постави националниот механизам, институционалната рамка и процедурите потребни за ефикасно пристапување кон и распоредување на финансиските ресурси од Фондот.

Организирани настани
Консултирани учесници
Вклучени организации

Обемните консултации со релевантните засегнати страни, вклучително и националните институции, приватниот сектор, граѓанското општество, академијата и меѓународните организации, имаат за цел да осигураат дека избраните приоритети за финансирање преку ЗКФ ќе бидат целосно усогласени со националните планови и стратегии и другите тековни напори на национално ниво.

Врз основа на напредокот постигнат во рамките на првиот Проект за подготвеност, втор проект од Зелениот климатски фонд за поддршка на подготвителни активности за ЗКФ започна во јуни 2020 година. Проектот го спроведува ФАО под водство на Кабинетот на заменик Претседателот на Владата задолжен за економски прашања, во улога на Национален назначен орган за Зелениот климатски фонд, и ќе се фокусира на зајакнување на капацитетите на земјата за ублажување и адаптација на климатските промени и за финализирање на Работната програма на земјата за Зелениот климатски фонд.

Календар на настани

Кликнете на настан за да добиете повеќе информации за минатите или претстојните активности поврзани со ГКФ, климатските активности и одржливиот развој во Република Северна Македонија и на глобално ниво.


Глобални настани поврзани со климатска акција и одржлив развој

Настани поврзани со ЗКФ во Северна Македонија

Глобални настани на ЗКФ

Тековни проекти

Зелени градови

Проектот Зелени градови има цел да овозможи премин на градовите кон урбан развој со ниски емисии и отпорност на климата.

Прочитај повеќе
Зелен Климатски Фонд

Северна Македонија и Зелениот климатски фонд - Проектен билтен

Овој билтен заеднички го изработуваат Кабинетот на заменикот претседател на Владата на Република Северна Македонија одговорен за економски прашања, како Национален назначен орган (ННО) за ЗКФ и Организацијата за храна и земјоделство на Обединетите нации (ФАО), во рамките на проектот „Поддршка за управување со ефективен национален координативен механизам за Зелениот климатски фонд“.

Целта на билтенот е навремено информирање на сите национални засегнати страни во Република Северна Македонија (национални институции, владини агенции, приватниот сектор, граѓанскиот сектор, академските установи и меѓународните организации) за постигнувањата при спроведувањето на проектот и за најновите активности поврзани со ЗКФ на национално ниво, во согласност со националните приоритети и другите тековни иницијативи во врска со климатските промени. Тој содржи новини за приоритетите, процедурите, консултациите, како и новости и настани во врска со ЗКФ во Република Северна Македонија.

   Дали имате предлози? Оставете ни коментар.

НАШИОТ БИЛТЕН

Пријавете се за билтенот “Северна Македонија и Зелениот климатски фонд” за да ги добиете најновите вести за ангажманот на земјата со Зелениот климатски фонд, вклучително приоритети, процедури, ресурси, консултации, вести и настани поврзани со Зелениот климатски фонд во Република Северна Македонија.

 
TOP